ДИК: Бројот за пријавување изборни нерегуларности не функционира поради технички проблеми
24.11.2016 11:36
Бројот што беше отвоен во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи, треба да биде оперативен во најскоро време.

Телефонскиот број 0800 555 44 на кој што може да се пријавуваат изборни нерегуларности не функционира поради технички проблеми, потврдија од Државната изборна комисија.
Очекуваат тоа да надмине во текот на денешниот ден. Бројот што беше отвоен во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи, треба да биде оперативен во најскоро време.
Повици од граѓаните за изборниот процес ќе може да се примаат 24 часа.
