Македонија мора поорганизирано да се справува со еколошкиот криминал
И покрај постоењето на законска легислатива еколошкиот креминал во Македонија сѐ уште е присутен. Бесправното сечење на шумите, криволовот, незаконскиот риболов, но има и прекуграничен креминал со одредени видови на флора и фауна, велат надлежните. Експертите бараат поорганизирано делување на институциите.

Еколошкиот креминал најзастапен и највпечатлив е во илегалната сеча на шумите, криволовството и прекуграничниот транспорт на отпад. Најчесто се организиран банди кој за да остварат дебел профит последниве години посегнаа и по три човечки животи. Справувањето со овој вид на креминал засега е на маргините на опшеството. Огромен број кривични дела сѐ уште не се откриени, а и од оние 60 до 100 дела што се процесуираат годишно, 30 проценти завршуваат со условни казни. Благата казнена политика причина сторителите повторно да направат слични дела. Тоа значи дека изостанува и спацијалната и генералната превенција, велат експертите.
„Сторителите се претежно од машки пол и со понизок степен на образование, кои повеќепати се сторители на кривични дела. Слободно можеме да кажеме дека и надлежните служби се со низок степен на свест, а и самата организирана поставеност на некои државни органи содејствува со оваа состојба“, вели вонредната професорка на Факултетот за безбедност, Марина Малиш Саздовска.
Често пати се случуваат и прекугранични нелегални дејства. Пример за тоа е транспортот на заштитени видови на флора и фауна.
„Македонската царина работеше на откривање на транспорт на таканаречените црвушести желки, а имаше и случај кога се чуваа во заробеништво диви животни“, вели претставникот на Државниот инспекторат, Дарко Блинков.
Да се менува пристапот и зајакнат капацитетите- став на експертите од земјите на Централна и Источна Европа, присутни на работилницата во Битола.
„И во тој домен неопходно е да се врши перманентна обука на сите органи и институции кои треба да се справуваат со ваквите нелегални активности“, изјави директорката на македонската канцаларија за Централна и Источна Европа, Катерина Ѓоргиевска.
Нема да има резултати без организирано вмрежување на институциите и перманентна обука. Македонската легистлатива е добра основа, а по изборите ќе биде збогатена и со Законот за инспекција во животна средина, кој во моментов е во нацарт верзија.
Стевче Митревски
