Вајгл: Очекувам фер и кредибилни избори
Делегација на Европскиот парламент утре доаѓа во Македонија. Во фокусот на разговорите со претставниците на политичките партии се изборите на 11-ти декември. Известителот за Македонија Иво Вајгл очекува тие да бидат фер и демократски.

Немам причини да не верувам, дека изборите ќе бидат според правилата, дека ќе бидат демократски, транспарентни. Ќе има, се разбира, различни интереси. Не може преку ноќ да се премине преку разликите кои постојат во македонското општетство меѓу политичките партии. Меѓутоа, јас верувам дека долготрајните подготовки, создадоа услови за нормални демократски избори и јас посакувам така да биде, бидејќи од тоа зависи понатамошниот пат на Македонија кон европските и евроатланстките интеграции- изјави за МРТ известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл.
Делегација на ЕП во која се наоѓа и Вајгл на крајот од оваа недела присигнува во Македонија.
Во петок ќе бидеме во Скопје, ќе разговараме со претставниците на сите политички партии. Имам намера да се сретнемене и со претставниците на граѓанското општетсво, а ќе разговараме и со специјалната обвинителка г-ѓата Јанева, вели Вајгл.
За пораката која ќе им ја пренесе на своите соговорници во Македонија, со кои ќе се сретне за време на престојот во нашата земја, известувачот на ЕП за напредокот на Република Македонија вели:
Долго работевме на Пржинскиот договор и на неговото постепено реализирање, мислам дека тоа е основата врз која треба да се гради иднината во наредните неколку месеци. Тоа треба да го имаат во предвид и гласачите на кого тие ќе му дадат мандат. Јас верувам дека Македонија по овие избори ќе биде поинаква од тоа што е денес- потенцира Вајгл.
