Објавен тендер за изградба на ски- центар на Водно
03.02.2014 16:41
АД Електрани на Македонија објави тендер за...

АД Електрани на Македонија објави тендер за изградба на ски- центар на Водно.
Ќе се градат четири ски патеки од Милениумскиот крстот кон Нерези со вкупна должина од 3.850 метри.
Инвеститорот ќе треба да изгради и три ски лифта со должина од еден километар и 350 метри.
Ќе се гради и ресторан и административна зграда. Највисоката точка на скијалиштето е на надморска височина од 1.050 метри.
