СЈО го побара случајот „Сопот“
24.11.2016 14:51
Целта е како што стои во дописот, да се оцени дали предметот е во нивна надлежност.

Специјалното јавно обвинителство соопшти дека на 4-ти месецов до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е поднесено барање да им биде доставен предметот „Сопот“.
Целта е како што стои во дописот, да се оцени дали предметот е во нивна надлежност.
На 4-ти март 2003-ти година џип на НАТО нагази на противтенковска мина на патот Сушево – Сопот, при што загинаа двајца полски војници и еден македонски државјанин.
За „Сопот“ беа осудени 11 лица.
