ЕП усвои резолуција за замрзнување на преговорите со Турција

24.11.2016 16:17

За претседателот Ердоган, необврзувачкото гласање нема значење. Пристапните преговори почнаа во 2005 година, но е завршено само едно од потребните 35 поглавја.

Европскиот парламент усвои резолуција за замрзнување на преговорите со Турција за членство во ЕУ поради хајката на владата во Анкара по неуспешниот обид за пуч.

За претседателот Ердоган, необврзувачкото гласање нема значење. Пристапните преговори почнаа во 2005 година, но е завршено само едно од потребните 35 поглавја.

Во меѓувреме, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц потврди дека нема да се кандидира за втор мандат и дека се враќа на германската политичка сцена.