Ахмети: Унапредување на образованието и поголема употреба на албанскиот јазик

24.11.2016 16:43

Демократската унија за интеграција продолжува преку разни форми да ги претставува своите програмски определби. Образложени визиите за образованието, употребата на албанскиот јазик, статусот на албанците.

За да имаме квалитетно образование треба да имаме и повисок стандард на живеење за сите што работат во градинките, училиштата, факултетите, рече пред , лидерот на Демократската Унија за интеграција, Али Ахмети. Според него, не смее еден наставник, професор, да работи на две работни места за да преживее, за да го прехрани своето семејство. Ќе се ангажираме за да ставиме крај на иселувањето на нашите доктори, професори, специјалисти, во други земји за да имаат подобар живот. Треба да има даде 30 до 40 проценти повисока плата на сите образовани млади луѓе за да ги задржиме тука, повисока плата и за вработените во образование институции за да имаме квалитетен образован кадар, рече Ахмети. 

„Ове е битен состанок за мене затоа што ќе имаме интеракција и дебата за некои актуелни и сериозни теми и сакам да го слушнам вашето мислење за тоа како да ги третираме настаните што се случуваат. Се знае дека образованието е главен столб за една нација, вие сте дел од тие што се жртвувале и што се жртвуваат за да одиме напред, одржување на сите училишта, да го основаме универзитетот Мајка Тереза, наставниците и професорите имаат одговорност за сите овие работни битни за  опстојување на нашата нација. Сега имаме два универзитета, но не треба тука да застанеме, треба да мислиме што треба уште да направиме, без квалитет во воспитно- образовните установи нема да имаме добро образование од прв ред. Треба да бидеме горди што се изборивме да имаме високообразовни институции на албански јазик, независни институции како што е Исламската верска заедница. За таа незвисност водевме војна, дадовме жртви, затоа сега треба да се грижиме за се што имаме, но и да ги унапредуваме, да одиме напред, да правиме уште“, изјави Ахмети.

Постојат неколку опции, неколку патишта по кои може да тргнеме, но ние го бираме патот кон ЕУ, затоа што по идеологијата, традиционалано, историски таму припаѓаме, рече Ахмети во своето обраќање. Сме се жртвувале да дојдеме дотука, многу семејства дале жртви, Албанци да работат во државните интитуции, да се на високи позиции и да решаваат за битни парашања за државата, мора да одиме на напред и да добиеме повеќе, изјави Ахмети.

На панел- дискусијата организирана од членовите на Демократската унија за тема беше поголема употреба на албанскиот јазик, бидејќи според нив тоа е еден од столбовите на кои се потпира нивната политичка платформа. Велат, долго време во Македонија законот донесен за употреба на албанскиот јазик не се спроведувал во целост,  тој е втор службен јазик, но во практиката го немал тоа место. Носителот на листа на ДУИ во изборната единица 1, Артан Груби смета дека потребата за промена на законската рамка со која албанскиот јазик ќе стане еднаков со македонскиот јазик потекнува од Охридскиот рамковен договор, кој е поддржан од меѓународната заедница и претставува барање и на Европската комисија. Според него, сегашната регулатива има некои ограничувања, за некои нивоа на власт, како собрание, судството, извршната и локалната власт.

„ДУИ за време на владеењето 2016 – 2020 е посветена да се спроведе Охридскиот договор во Уставот, и да се прифати јазикот како еден важен елемент на идентитетот и поттик за разбирање меѓу заедниците“, рече Груби.

Демократската унија за интеграција предлага да се воведе еден соопфатен закон за употреба на јазиците, кој ќе биде услогласен со амандманот 5, на членот 7 од Уставот на државата.

Членовите на Демократската унија за интеграција говорејќи пред своите поддржувачи и симатизери рекоа дека долго време по 11 декември ќе се случи еднаквоста, а никој нема потреба да се се плаши од тоа. Според нив, изденачувањето на јазиците, ќе придонесе за поголема толерантност меѓу граѓаните, а со тоа Македонија ќе има биде поблиску до ЕУ. Говорниците порачаа дека Демократската унија за интеграција продолжува да работи според принципот на градење и соработка, а не според принципот на уништување, како што целат другите политички субјекти. Според нив политиките на Демократската унија за интеграција продолжуваат по патот за спроведувањето на големи историски проект.

 

Наташа Јанчиќ