СКСЗМ ја претстави Економската платформа пред СДСМ

24.11.2016 16:53

Комората ја претстави нивната платформа за економски развој, со која се бара транспарентност и отчетност, раст на БДП од над 4 проценти, намалување на невработеноста и нееднаквиот економски развој.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев беше на средба со бизнисмените од Стопанската комора на северо-западна Македонија. Комората ја претстави нивната платформа за економски развој, со која се бара транспарентност и отчетност, раст на БДП од над 4 проценти, намалување на невработеноста и нееднаквиот економски развој.

Заев рече дека 80 проценти од оваа платфорна се совпаѓаат со програмата на СДСМ и дека не се сомнева оти извршната власт и деловната заедница одлучно ќе се разбираат.