Груевски во Струмица најави повеќе проекти
24.11.2016 16:56
Најави нов затворен базен, целосна реконструкција на културниот дом „Антон Панов“, изградба на две повеќенаменски игралишта, тениски и баскет терени, фитнес зона, реконструкција на четири училишта...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на средби со граѓани во Струмица, промовираше дел од проектитете од програмата на партијата.
Најави нов затворен базен, целосна реконструкција на културниот дом „Антон Панов“, изградба на две повеќенаменски игралишта, тениски и баскет терени, фитнес зона, реконструкција на четири училишта, изградба на три спортски сали и две нови детски градинки.
Во новата програма „Реално“, е предвидена изградба на експресен пат Струмица – Радовиш, изјави никола Груевски.
