Коалицијата за промени и правда на средба со прилепчани
Коалицијата за промени и правда попладнево е во Прилеп, а синоќа оствари средби со граѓани во центарот на Скопје. Претставени програмата и нивните заложби.

„Коалицијата за промени и правда“ на средбите со прилепчани нагласува дека клучниот проблем во Македонија- невработеноста мора да се решава. Два насто од буџетото да бидат наменети за проекти на младите за вработување.
Минимална плата треба да биде 300 евра. Коалицијата ќе спроведе референдум за работното време да почнува од 7 часот, а судските такси да бидат само 100 денари.
Институциите мора да се демократски, а партиите да потпишат протокол за правата на бранителите.
Коалицијата за промени и правда побара поддршка од прилепчани и да го заокружат бројот пет на гласачкото ливче.
Елизабета Митреска
