Собранието денеска отворено за посетители
25.11.2016 08:26
Собранието е отворено за посета секој последен петок во месецот...

Граѓаните денеска ќе можат да го посетат Собранието на Република Македонија.
Тоа претставува можност посетителите да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност и да добијат одговор на нивните прашања, соопштија од Собранието на Република Македонија.
Собранието, како што потсетува прес-службата, е отворено за посета секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефон 02/3113-683 или на е-маил [email protected], најдоцна пет работни дена пред посетaта.
