Без драстични промени на берзата годинава!

03.02.2014 16:53

Нови емисии и нови учесници особено странски портфолио инвеститори...

Нови емисии и нови учесници особено странски портфолио инвеститори се потребни на берзата за да излезе од летаргичниот период. Брокерите за годинава не oчекуваат драматични промени. 
 
Сметаат дека  компаниите  треба да се мотивираат за да се појават на берза,  а тие инструменти  да бидат  со поддршка  од државата. 
 
„Нема нови акции, обврзници на берзата. Компаниите што работат се затворени“, вели Кирил Митровски од Ин брокер. 
 
Лани едвај 52 милиони евра промет е забележан на Македонската берза што е за 40 % намалување од претходната. Тешко е да се предвидува во услови кога цените на акциите се непроменливи,  вели првиот човек на Македонската берза, Иван Штериев.
 
„Сетот на фактори кој што може да влијае се позитивните економски текови и ликвидноста на компаниите“, вели Иван Штериев, директор на Македонска берза. 
 
Златна резерва брокерите гледаат во физичките лица кои во банките депонираа околу една милијарда евра, пари кои доколку би биле на берзата би направиле вистински бум.
 
„Инвестирањето на парите на берзата наместо во банка е плус повеќе бидејќи гарантира поголема сума во дивиденда од каматите“, вели Велимир Шиповиќ од Иново брокер.
 
Од 40 брокерски куќи пред неколку години, сега на пазарот опстојуваат едвај десет.
 

Дијана Ценевска