Цени на зелените пазари во октомври
Во октомври, процентуалното зголемување или намалување цените на овошјето и на зеленчукот на зелените пазари на мало и на големо биле со забележителна разлика. На пример краставиците на пазарите на големо поевтинеле за 61, а на мало само за 14 проценти. Намалување на цените имало и кај сите видови јужно овошје.

За разлика од минатата година, овој октомври цените на карфиолот, модриот патлиџан и на спанаќот биле поскапи за 20 до 40 проценти на пазарите на големо. Пониски цени имало кај краставиците, гравот, морковот и кај оризот од 8 до 13 отсто.
Кај овошјето пголемо намалување на цените е забележано кај јужното овошје и тоа од 12 до 37 проценти.
Од другото овошје, белото и црното грозје се продавале по речиси исти цени, а драстичен пад имало кај цената на калинките и тоа за 58 насто на пазарите на големо, но во продажбата на мало, чудно но вистинито, успеале да поскапат, па макар и за минимален 1 процент.
Лешниците, бадемите и оревите овој октомври биле поевтини од лани и се продавале за 830, 770 и 580 денари за килограм.
Методија Трајков
