Делегација на ЕП во посета на Македонија

25.11.2016 10:23

Во фокусот на предизборната мисија и разговорите со претставниците на политичките партии се предвремените избори на 11-ти декември.

Тричлена делегација на Европскиот парламент составена од европратениците Кнут Флекенштајн, Иво Вајгл и Едвард Кукан е во еднодневна посета на Република Македонија.

Во фокусот на предизборната мисија и разговорите со претставниците на политичките партии се предвремените избори на 11-ти декември.

Известителот за Македонија Иво Вајгл, во вчерашното интервју за МТВ изјави дека очекува тие да бидат фер и демократски.