Глобална кампања

16 дена активизам против родово базирано насилство

25.11.2016 10:35

Кампањата годинава е со мотото „Вклучи се, исклучи насилство“ и ќе опфати низа акции чија цел е да го обои светот во портокалово: да се стави крај на насилството против жените и девојчињата.

Денеска е Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените, со што почнува глобалната кампања 16 дена активизам против родово базирано насилство.

Кампањата годинава е со мотото „Вклучи се, исклучи насилство“ и ќе опфати низа акции чија цел е да го обои светот во портокалово: да се стави крај на насилството против жените и девојчињата.

Се предвидува осветлување на Скопското Кале во портокалово, можност сите да се вклучат во апликација на социјалните мрежи за да кажат „НЕ“ на насилството врз жените и девојчињата, како и низа дебати со средношколци и студенти низ земјава.

Портокаловата боја е избрана како симбол на посветла иднина без насилство врз жените.

МТВ се вклучува во кампањата која има за цел елиминирање на родово базираното насилство.