МФ: Јавниот долг намален за 1,4 процентни поени
25.11.2016 11:44
Од ресорот финансии објаснуваат дека Македонија денес отплатила кредит од 130 милиони евра кон финансиските институции Сити Банк и Дојче Банк, земен пред пет години, каде како гарант се јавува Светска банка.

Јавниот и државниот долг се намалени за 1,4 процентни поени- соопшти Министерството за финансии. Оттаму објаснуваат дека Македонија денес отплатила кредит од 130 милиони евра кон финансиските институции Сити Банк и Дојче Банк, земен пред пет години, каде како гарант се јавува Светска банка.
„Средствата за оваа исплата се обезбедени од Еврообврзницата што беше издадена во јули годинава“, велат од ресорот, од каде уверуваат дека одговорно управуваат со јавните финансии.
