Франција: Финансиска помош за мигрантите кои доброволно ќе се вратат дома
25.11.2016 12:14
Покрај платен авионски билет, ќе добијат и до 10 илјади евра финансиска помош кога ќе стигнат во татковината.

Франција ќе им дава по 2.500 евра на мигрантите кои доброволно ќе се вратат дома. Покрај платен авионски билет, ќе добијат и до 10 илјади евра финансиска помош кога ќе стигнат во татковината.
Понудата, која важи до 31-ви декември, треба да го зголеми бројот на спонзорирани доброволни заминувања по растурањето на кампот „Џунгла“ во Кале.
