Огромен интерес за новите полициски пилоти

03.02.2014 17:28

Голем интерес кај младите за освојување на небесните височини. Расте бројот на пријавени кандидати за полициски пилоти. Ги чека строга селекција која ќе се одвива во повеќе фази.

„Нашата цел е да мотивираме колку што е можно повеќе млади луѓе , кои можеби отсекогаш во животот посакувале својата идна професија да ја пронајдат во воздухопловството , да се пријават на ваквите конкурси и во една конкурентна процедура  да бидат селектирани оние што се најдобри“  - Гордана Јанкулоска – министерка за внатрешни работи

Тренинг- центарот eподготвен за новите кадети.  За обуката што ќе следува, се запознаа премиерот Груевски и  полицискиот врв.

„Откако ќе дојдат кај нас,го воспоставуваме она што го нарекуваме обука на копно. Со овој процес се обидуваме да откриеме  кои не би можеле да станат идни полициски или  воени пилоти“ - Јашари Шрага – директор на Центарот за обука на пилоти 

 Обуката ја реализираат висок стручен кадар од израелската компанија Елбит,инструктори од Македонија и од авијациската школа од Оксфорд.  Поделена е во три дела. Покрај теоријата, акцент се дава и на практиката.

„Добивме едно искуство кое е комбинација на обука од наши инструктори, но и комбинација од инструктори од Израел , кои што ни го пренесоа нивното знаење  што го научиле на тренинг и во реални борбени услови “ - Стефан Ѓоргиев- питомец од првата генерација  за воен пилот

Авантуристичкиот дух , големата љубов кон летањето и предизвиците ја натерале Ива, единствена девојка, да се пријави на конкурсот за воени пилоти . Наскоро ќе се здобие со тоа звање. Задоволна од својата одлука, ги охрабрува девојките .

 „Да се пријават без двоумење, нема што да изгубат, може само да добијат. Професијата е многу е возбудлива и дава поинаква перспектива“-Ива Матиќ – питомец од првата генерација за воени пилоти

Центарот за обука за пилоти  претендира да прерасне во регионален центар.    

Наташа Гркова-Петрушевска

Влазлим Власаху