Три лица загинаа, две се повредени во сообрќајка кај Нови САД
25.11.2016 13:13
Несреќата се случила рано утрината кога неидентификуван пешак излегол на автопатот и застанал во правец од каде што наишол камион со македонски регистарски таблички.

Три лица загинаа, меѓу кои две деца, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот кај Нови Сад. Несреќата се случила рано утрината кога неидентификуван пешак излегол на автопатот и застанал во правец од каде што наишол камион со македонски регистарски таблички.
Во сообраќајната несреќа учествувале уште две возола кои удриле во камионот, при што загинале две деца на возраст од 8 и 5 години и маж од 45 години, сите австриски државјани.
