Ердоган се закани дека ќе ги отвори границите за три милиони сириски бегалци

25.11.2016 13:30

Според него, ЕУ не ги исполнува обврските од договорот за запирање на мигрантскиот бран.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се закани дека ќе ги отвори границите за три милиони сириски бегалци. Според него, ЕУ не ги исполнува обврските од договорот за запирање на мигрантскиот бран.

Предупредувањето е одговор на резолуцијата на Европскиот парламент со која се бара замрзнување на преговорите за членство на Турција во Унијата.