Метео: За викендот врнежливо, од понеделник заладување
Врнежите во текот на утрешниот ден повеќе се очекуваат во западните и југозападните делови каде што ќе бидат со умерен интензитет, а ќе продолжат и во текот на ноќта кон недела кога ќе се прошират и во останатите делови од земјава.

За време на викендот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд.
Врнежите во текот на утрешниот ден повеќе се очекуваат во западните и југозападните делови каде што ќе бидат со умерен интензитет, а ќе продолжат и во текот на ноќта кон недела кога ќе се прошират и во останатите делови од земјава.
Овие временски услови ќе ги намалат условите за магла. Од понеделник следува период на студено и ветровито времето со врнежи од дожд, но и од снег на планините и на некои повисоки места.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
