МОСТ: Регистрирани случаи за трошење на буџетски пари за време на избори

25.11.2016 14:41

Граѓанската асоцијација МОСТ до комисијата за следење на изборни нерегуларности, при Јавното обвинителство на Република Македонија, ќе достави материјали за неколку регистрирани случаи на противзаконско располагање со буџетски средства за време на избори, најави претседателот на оваа асоцијација Дарко Алексов...

Граѓанската асоцијација МОСТ има распоредено 80 долгорочни набљудувачи на терен во сите општини кои го следат изборниот процес. Од 15-ти октомври, до 20-ти ноември се добиени 2.025 извештаи при што се забележани нерегуларности.

„Непочитување на принципот на одвојување на државата од партијата - 46 случаи во 26 општини, односно присуство на фукционери и вработени во јавниот сектор на партиски настани во работно време и промовирање на политичари или политички партии на настани организирани од јавни институции, притисоци врз вработените во јавниот сектор да посетуваат партиски митинзи на владејачката партија – 41 случај во 26 општини, притисоци за гласање или обезбедување гласачи за владејачката партија - седум случаи во пет општини“, изјави Дарко Алексов, претседател на МОСТ.

МОСТ го набљудувал и составот на избирачките одбори од страна на општинските изборни комисии, при што кај 13 од 25 е забележано непочитување на принципот на случаен избор на членовите на избирачките одбори.

 

Елизабета Кузмановска