Потпишана Декларација за броба против насилството врз жените

25.11.2016 14:46

Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство, спроведе потпишување на заедничка декларација за спречување и борба против насилството особено врз жените.

Насилството врз жените ги означува сите акти на родово насилство кои доведуваат до физичка, сексуална, психичка или економска повреда. Ова е еден од мотивите за 16 дневната кампања против насилство врз жените.

Дел од кампањата е и декларацијата за спречување и заштита од разни форми на насилство што ја потпишаа 19 политички партии. Оваа активноста на граѓанскиот сектор доби поддршка и од странските дипломати.

Во последниве две години жените предничат во црната статистика. Насилство трпеле 1.170 од нив. Наспроти оваа бројка 235-мина биле мажи и 206 деца што се пријавени како жртви.

 

Анита Никушева- Јованчев