Отфрлена кривичната пријава против Панчевски
По сеопфатното проучување на сите прибрани докази е утврдено дека нема кривично дело за кое се гони по службена должност, се вели во соопштението од обвинителството.

Основното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја отфрли кривичната пријава поднесена од судијата Иван Џолев за претседателот на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски за примање награда за противзаконито влијание.
По сеопфатното проучување на сите прибрани докази е утврдено дека нема кривично дело за кое се гони по службена должност, се вели во соопштението од обвинителството.
Јавно обвинителство испратило три покани до подносителот на кривичната пријава да даде исказ, но тој не се јавил на поканите. По распитот, Панчевски поднесе кривична пријава против судијата Џолев за лажно пријавување на кривично дело, а обвинителство ја препрати за понатамошно постапување до надлежното скопско Основно јавно обвинителство, стои во дописот.
