Дончев: Промена на политиките кон домашните инвеститори

25.11.2016 15:08

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ги продолжи активностите за претставување на својата платформа...

Носителот на листата на коалицијата „ВМРО за Македонија“ во првата изборна единица, Ден Дончев, беше во посета на Градскиот трговски центар во Скопје, место кое според него, ги покажува погрешните политики кога се во прашање малите и микро бизниси.

„Овде во ГТЦ, ако пред 10 или 15 години овие домашни инвеститори, кои се над 85% во ГТЦ, ги купувале локациите за 2 до 3 илјади по квадратен метар, денес не можат да ги продадат за 500 евра. Ако пред 10 или 15 години имале бизнис и ваделе парче леб за себе и за своето семејство, сега половина од овие места се затворени“, изјави Данаил Дончев, носител на листа во ИЕ1 од „ВМРО за Македонија“.

Дончев рече дека треба да се променат политиките во однос на домашните инвеститори, бидејќи според него, успешната и просперитетна економија почнува токму од нив. 

 

Мартин Пушевски