ДПА: По изборите - два важни закони за Албанците
Мендух Тачи пред симпатизерите и членовите на собирот во Вруток најави дека по изборите ДПА ќе се залага за донесување на два важни закони за Албанците. Со нив како што рече ќе ја сопре дискриминацијата.

Лидерот на Демократската партија на Албанците и носител на листата во шестата изборна единица, Мендух Тачи пред симпатизерите и членовите на собирот во Вруток најави дека по изборите ДПА ќе се залага за донесување на два важни закони за Албанците. Со нив како што рече ќе ја сопре дискриминацијата.
„Првиот е законот со кој ќе бидат испразнети затворите преполни со Албанци и вториот закон за фискална амнестија или ослободување од долговите. Нашите противници даваат цинични аргументи за оние кои не го познаваат системот на финансирање на државата и функционирањето на буџетот на државата, велејќи дека ако им ги простат долговите на Албанците ќе бидат формирани големи дупки во државниот буџет. Ги прашувам, вас народот ве избрал да берете гајле за буџетот на државата или за буџетот на граѓаните. Вас народот ве избрал да трошите по 80 до 100 илјади евра само за лично репрезентирање или за да го браните народот да не биде економски дискредитиран? Затоа ние го нудиме ова решение, зашто дупките што ќе се створат во буџетот со ослободувањето од долговите не се поголеми од средстава што функционерите Албанци ги трошат за репрезентација“, изјави Тачи.
Тачи додаде дека е невозможно во една иста земја среде Европа да живеат два народа со сосема различни услови, Македонците кои живеат во конфорт и Албанците кои живеат во кал. Поради сето ова, рече тачи на листите на оваа партија се чисти кандидати, образовани луѓе кои знаат да ги препознаат и решат проблемите на албанците од овие краишта.
На собирот се обрати и кандидатот за пратеник Рушит Веапи.
„Во овие 15 години овие властодржци Гостивар го претворија место каде што стравот ја замени слободата, неправдата местото на правдата, игнорирањето местото на знаењето. Гостивар како и многу други населени места од албанците уште од 2002 година стана место без перспективи, без инфраструктура како и без млади луѓе кои го напуштаат секој ден во потрага по подобар живот. Бројките покажуваат дека само од Гостивар се отселиле повеќе од 4.000 млади луѓе“, изјави Веапи.
Пред сопартијците се обрати и шефот на изборниот штаб на ДПА за Гостивар Газменд Алију кој повика на масовна излезност на денот на изборите.
Фиљана Кока
