Немири во бегласкиот камп Харманли во Бугарија
Немири во бегалски камп на југот на Бугарија. Има повредени припадници на безбедносните сили и приведени мигранти...

24 полицајци се повредени, а околу 300 мигранти се приведени во нередите во бугарскиот бегалски камп Харманли. Над 250 полицајци биле мобилизирани во операцијата против групата која е незадоволна од воведениот карантин поради појава на шуга во кампот.
„Овде има уште една група. Тие се наречени поинакви економски мигранти, најмногу од Авганистан и Пакистан. Се движат во групи и е многу тешко да се идентификуваат. Тие 300 луѓе кои се снимени на камера нема да бидат вратени овде“, изјави премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.
Во Грција, пак, две лица биле повредени при пожар во бегалскиот камп на Лезбос.
„Успеавме да го локализираме пожарот и покрај тешкотиите што ги имавме и паниката меѓу луѓето кои се обидуваа да го напуштат кампот“, вели Мариос Апостолидис, пожарникар.
Турскиот претседател Ердоган се закани дека ќе ги отвори границите за три милиони сириски бегалци, бидејќи, како што смета, ЕУ не ги почитува обврските од договорот.
„Сте размислувале ли што ќе се случи ако Турција ги отвори границите? Ако ова оди уште понатаму, треба да знаете дека тие граници ќе бидат отворени. Ниту јас, ниту оваа нација не сака празни закани“, рече Ердоган.
Предупредувањето е одговор на резолуцијата на ЕП со која се бара замрзнување на преговорите со Турција.
Марина Автовска
