Шеријатскиот закон предизвикува егзодус

03.02.2014 18:11

Христијаните во Сирија посебно во градот Рака се под голем притисок од исламистички групи којшто ги присилуваат да преминат на исламска религија закнувајки им се дека ке бидат прогонети или пак во спротивно ке подлегнат на драстични мерки.

Откако во  сирискиот град Рака, што се  наоѓа во централниот дел на земјата, исламистите го зазедоа градот, христијанското население е во шок. Командантите на воените групации  коишто се поврзани со Ал Каеда,  им порачаа на христијаните или да го прифатат Исламот  или пак да си заминат, во спротивно ќе бидат најстрого казнети.

Арапската сателитска телевизија „Ал Аламеин“ јави дека шеријатскиот одбор на Рака ги повикал сите христијани  соопштувајќи им дека отсега доколку сакаат да живеат ќе мора да го почитуваат шеријатскиот закон.

Во прогласот, меѓу другото се предупредува дека „секој оној што ќе одбие да премине во Ислам , драстично ке биде казнет  и дека  шеријатскиот суд  предвидува  висока  парична казна ,вклучувајки го  според нив и силувањето на  нивните жени“.

Овие  луѓе  според шеријатскиот закон ги воведоа  ригорозните  казни. Оној  кој што не го почитува  законот ќе биде  казнет  со каменување или отсекување на рака или нога.

Сириската војна го  сруши секуларизмот во регионот, се случи уште еден голем егзодус на христијаните бидејќи  се повеќе  беа изложени  на секташкото насилство-намерни убиства и киднапирања.

 - „Додека можеме ке ги браниме нашите огништа ке останеме. Тешко е да  се гледа како се искоренуваат нашата традиција и историја“,вели христијанин од Хасака 

Теолозите велат дека светот е сведок на големо прогонство на христијаните во арпаските земји. Демографите прогнозираат доколку со ваков тренд продолжи верското чистење на 13-милионското христијанско население во регионот. За една или две генерации на Блискиот Исток нивниото присуство ќе биде незначително а ваквата појава само ќе ја потврди историската катастрофа не само за христијаните, туку и за муслиманите.

 Мирјана  Василева