Осми ден од предизборната кампања
28.11.2016 08:21
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат митинг во Велес. СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе имаат митинзи во Неготино и Кавадарци.

Измина една недела од предизборната кампања. Карваните на политичките партии и денеска ќе крстосуваат низ Македонија.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, митинг ќе одржи во Велес. СДСМ и коалициските партнери програмата ќе ја претстават пред жителите на Неготино и Кавадарци.
Демократската партија на Албанците програмата ќе ја претстави во Велешта.
Коалицијата за промени и правда ќе се претстави пред жителите на неколку скопски општини, а „ВМРО за Македонија“ ќе биде во Ѓорче Петров.
