Закана за безбедноста во Москва
Само три дена пред зимската Олимпијада во Сочи, уште една закана по безбедноста...

Само три дена пред зимската Олимпијада во Сочи, уште една закана по безбедноста. Заложничка драма во московско училиште со смртоносни последици за еден наставник и полицаец. Силите на безбедноста го го уапсија средношколецот Сергеј Гордеев кој го усмртил својот професор по географија бидејќи не добил петка. Кога почнала полициската акција пукал и во двајца полицајци од кои едниот починал на пат кон болницата. „Мора да ја научиме лекцијата. Да ги испитаме причините за овој настан и да превземеме мерки за поголема безбедност во Москва“, Сергеј Собјанин градоначалник на Москва
Париз
Демонстрации во Париз. Со мотото „семејството е основна вредност на општеството“, повеќе десетици илјади луѓе протестираа против истополовите бракови и против новиот закон со кој се намалуваат рестрикциите за абортус и геј бракови. Толпата го обвини претседателот Оланд дека има фобија од семејства.
Грција
Најмалку 16- мина се полесно повредени по земјотресот со јачина од 5,7 и 6,1 степени по Рихтер во западниот дел на грчкиот остров Кефалонија. Разурнати се голем број домови и патишта, а во некои делови прекинато е снабдувањето со електрична енергија и вода. Сеизмолозите не ја исклучуваат можноста од уште потреси.
Словенија
Словенија окована во мраз. Речиси четвртина од граѓаните во земјата се без електрична енергија. на патиштата има паднати стебла и електрични столбови поради што голем број области се отсечени од светот. Повеќе училишта и градинки се затворени, а има прекин во железничкиот и во патниот сообраќај во љубљана. метеоролозите предупредуваат дека ниската температура ќе се задржат.
