Сириската војска освои два дела во Алепо контролирани од ИД

28.11.2016 09:56

Според Обединетите нации, најмалку 250.000 цивили се заглавени во областите под опсада.

Сириската војска зазеде два региона во источниот дел од Алепо кој е под контрола на џихадистите. Според Обединетите нации, најмалку 250.000 цивили се заглавени во областите под опсада.

Алепо, кој беше најголемиот сириски град пред почетокот на војната во која загинаа стотици илјади луѓе, е поделен на западен дел каде што владеат сириските власти и источен кој им припаѓа на бунтовниците од Исламска држава.