Почнува судењето за случајот „Тврдина“

28.11.2016 09:58

Специјалното јавно обвинителство ги товари за уништување службена документација поврзана со нелегалното прислушување.

Во скопскиот Кривичен суд на обвинителна клупа треба да седнат 7-темина вработени во УБК, обвинети во случајот „Тврдина“. Специјалното јавно обвинителство ги товари за уништување службена документација поврзана со нелегалното прислушување.

Судијата кај кого е распореден обвинителниот предлог на СЈО испратил покани до странките во постапката заедно со примерок од обвинителниот предлог, информираат од Кривичниот суд.