МРТ: Бесплатно политичко претставување
Емитувањето ќе биде според редоследот на гласачкото ливче утврден со ждрепка од Државната изборна комисија. Секоја дискриминација, навреда, клевета и омаловажување кон другите политички субјекти во презентациите нема да бидат емитувани.

Од денеска Македонската телевизија на првиот и на вториот програмски сервис стартува со бесплатното политичко претставување на коалициите и партиите учеснички на изборите.
Емитувањето ќе биде според редоследот на гласачкото ливче утврден со ждрепка од Државната изборна комисија. Секоја дискриминација, навреда, клевета и омаловажување кон другите политички субјекти во презентациите нема да бидат емитувани.
До 8-ми декември, односно еден ден пред изборниот молк, ќе се емитуваат уште три дебати. Последната е планирана да биде соочување меѓу лидерите на 4-те најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.
Активностите на политичките партии од изборната кампања, МРТ ги емитува на првиот телевизиски програмски сервис во дневниците во 17 и во 19 и 30 часот.
