Магла на дел од патиштата

28.11.2016 10:43

Појава на магла со видливост од 50 метри до 200 метри има на Стража, Маврово, Крушево, Делчево и Велес-Скопје...

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива тековно по влажни коловози. Појава на магла со видливост од 50 метри до 200 метри има на Стража, Маврово, Крушево, Делчево и Велес-Скопје, информира ЈП „Македонија пат“.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани- Македонска Каменица- Делчево, Виница- Берово, Гостивар- Стража, Маврово- Дебар- Струга, Демир Капија– Удово, Катланово- Велес, Крушево- Демир Хисар и Ресен- Буково.

Од „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината  кон условите на патот. Истакнуваат дека нивни дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.