Штрајк на вработените во јавниот превоз во Атина

28.11.2016 11:09

Незадоволни се од плановите за спојување на транспортните оператори со Организацијата за јавен транспорт во главниот град на Грција.

Вработените во јавниот сообраќај во Атина најавија уште еден штрајк. Незадоволни се од плановите за спојување на транспортните оператори со Организацијата за јавен транспорт во главниот град на Грција.

Протести се планирани и за 30 ноември и 2 декември.