Фијон ја освои претседателската кандидатура на конзервативците во Франција

28.11.2016 11:41

Во вториот круг од внатрепартиските избори, тој освои 67 насто од гласовите, односно 30 проценти повеќе од опонентот Ален Жупе, кој е исто така поранешен премиер и актуелен градоначалник на Бордо.

Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон е претседателски кандидат на десницата за изборите за шеф на државата што ќе се одржат во мај идната година.

Во вториот круг од внатрепартиските избори, тој освои 67 насто од гласовите, односно 30 проценти повеќе од опонентот Ален Жупе, кој е исто така поранешен премиер и актуелен градоначалник на Бордо.

Изборот за претседателски кандидат, организиран по примерот на американските избори, е прв од ваков вид на Републиканците.