Силјановска: „Трка со еден коњ, не е трка“
Консензусот е инструмент во процесот на одлучување.

Консензусот е инструмент во процесот на одлучување. Не сум чула , вели универзитетскиот професор Силјановска, во процесот на предлагање на кандидатот да се прави консензуален договор .Предлогот на ДУИ според Силјановска е обид за супституирање на избирачкото право и е надвор од уставните норми, гласачите да одлучат за кој од кандидатите ќе гласаат.
„Во оваа синтагма има и доза на комунизам, бидејќи ако излезеш со еден кандидат на избори, нема избори. Трка со еден коњ не е трка. Значи консензус би имало, кога најголемиот број граѓани ќе се определат за еден кандидат“, – Гордана Силјановска Универзитетски професор
По повеќе од две децениии плурализам очекував вели Силјановска една поинаква дебата. Кредибилитетот и бекграундот во изборот на кандидатите да бидат доминантна тема.
„На овие избори погласно да почнат да зборуваат за потребата од демократизација на кандидатурите ,бидејќи тоа е европска тема. Во смисла на повеќе кандидати внатре во партијата. Понатаму еден човек еден глас во кандидирањето, мислам дека така ќе се доближат до граѓаните“ - Гордана Силјановска Универзитетски професор
За Силјановска неразбирливо и зошто со последните измени на изборната регулатива не се намали и цензусот од 40 на 30 % во вториот изборен круг за изборот на шефот на дрѓавата ,нешто на кое веќе подолго време укажуваат и ОБСЕ –ОДИХР и Венецијанската комисија.
Новинар: Виолета Димовска
Снимател Трајче Илиевски
