Пилотите на „Луфтханза“ потворно на штрајк

28.11.2016 11:49

Причина за продолжената пауза се неуспешните разговори со раководството на германската авиокомпанија во врска со зголемувањето на платите.

Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ повторно организираат штрајк. Причина за продолжената пауза се неуспешните разговори со раководството на германската авиокомпанија во врска со зголемувањето на платите.

Синдикатот бара ретроактивно зголемување на платите од 3,66 насто годишно и тоа пет години наназад, додека „Луфтханза“ понудила зголемување од 4,4 проценти до средината на 2018 година и еднократен паричен износ од 1,8 плати.

Ова е 14-ти протест на германските пилоти од почетокот на 2014 година.