Бензините поскапуваат за 2, дизелот за 1,5 денари

28.11.2016 12:56

95 октанскиот бензин ќе се продава за 62 денара за литар, 98-октанскиот за 64 денеари, додека екстра лесното масло ќе се продава за 37,5 денари. Дизел горивото поскапува за 1,5 денар, на 48,5 денари, а се зголемува и цената на мазутот за 1,914 денари за килограм.

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ. Бензините и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за два денара. 95 октанскиот бензин ќе се продава за 62 денара за литар, 98-октанскиот за 64 денеари, додека екстра лесното масло ќе се продава за 37,5 денари.

Дизел горивото поскапува за 1,5 денар, на 48,5 денари, а се зголемува и цената на мазутот за 1,914 денари за килограм.

Вкупно, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 4,48 проценти, како резултат на поскапата сурова нафта на светските берзи, а повисок бил и курсот на денарот во однос на доларот.