30-ти ноември неработен поради акцијата „Ден на дрвото“
28.11.2016 13:39
Во сооопштението од МТСП се наведува и дека на денот на акцијата градинките треба да се со вообичаеното работно време.

Согласно Заклучокот од седницата на Владата на Република Македонија одржана на 25-ти ноември, а по повод спроведувањето на акцијата „Ден на дрвото-Засади ја својата иднина”, 30-ти ноември 2016 година (среда), е неработен ден, освен за вработените во здравствените институции, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
Во сооопштението од МТСП се наведува и дека на денот на акцијата градинките треба да се со вообичаеното работно време.
Датумот за одработување на овој ден дополнително ќе биде определен.
