Во центарот на Скопје:Татко и син „олеснети“ за 40 000 евра

03.02.2014 20:33

Татко и син, кои денеска беа повредени во престрелка пред влезот на нивната менувачница во центарот на Скопје

Татко и син, кои денеска беа повредени во престрелка пред влезот на нивната менувачница во центарот на Скопје, се надвор од животна опасност.
Средовечен маж на возраст од околу 50-тина години и неговиот син на возраст од околу 20-тина години  при нападот на улицата „Тодор Циповски“ кој се случил околу 18 часот во Скопје, им била одземена торба со околу 40 000 евра.