Швајцарија го отфрли предлогот за брзо повлекување од нукеларната енергија

28.11.2016 14:10

Планот го промовираше Партијата на зелените и предвидува затворање на последната од петте нуклеарни централи до 2029 година.

Швајцарија на референдум го отфрли предлогот да се забрза повлекувањето на земјата од нуклеарната енергија.

Планот го промовираше Партијата на зелените и предвидува затворање на последната од петте нуклеарни централи до 2029 година.

Во моментов, тие обезбедуваат 40 насто од електричната енергија во земјата.