ДУИ во Охрид ја претстави изборната програма

28.11.2016 15:19

Претседателот на ДУИ, како и носителот на листата во изборната единица број 6, Ахмети, пред граѓаните на Охрид рече дека овој мандат ќе биде одлучувачки за многу големи прашања, затоа што во текот на следните четири години ќе се одлучи во која насока ќе чекори Македонија, односно Албанците.

Лидерот на интегративците Али Ахмети, пред голем број жители, членови и симптаизери рече дека ДУИ ќе остане доследна на своите ветувања за доброто на граѓаните Албанци, каде и да живеат низ Македонија. Денес сум тука заедно со високи раководни кадри на ДУИ со нашата најдобра намера Охрид и други места како што се Долнени, Крушево, Битола и Преспа да останата во центарот на вниманието на сите активности. Тоа значи, рече Ахмети, дека ДУИ води сметка и ангажира највисоки кадри со најдобра намера за да имаат подетална слика за тоа што треба да се направи понатаму. Во Охрид, сѐ е поразлично од Долнени. Тука е сочуван живиот дух на албанскиот јазик, историското сеќавање е свежо. А вие не сте биле исклучок од големите прогони и протерувања. Додаде Ахмети. Во своето обраќање пред присутните посочи дека средбата ја почнал на овој начин, со отворање на штаб, за да го означи почеток на битката што ќе се случи на 11-ти декември.

Претседателот на ДУИ, како и носителот на листата во изборната единица број 6, Ахмети, пред граѓаните на Охрид рече дека овој мандат ќе биде одлучувачки за многу големи прашања, затоа што во текот на следните четири години ќе се одлучи во која насока ќе чекори Македонија, односно Албанците.

„Дали ќе ги затвориме отворените прашања кои што не влечат во последната декада. Прашањето за името, односите со соседите и други жешки теми, бараат подготвени кадри кои ќе можат да се справат со нив. Нашата земја не смее да се влечка, туку треба да застане до НАТО и ЕУ. Тука треба да одлучуваат тие што живеат во оваа земја, а тука живеат и Албанците. За да се справат, сигурно дека требаат луѓе со знаење и со капацитет, не дека јас сум лидер на ДУИ, меѓутоа, само во ДУИ постојат овие капацитети, и албанската кауза, подобро од ДУИ кој во себе содржи генерации што се жртвувале за овој народ, тие делуваат само кај нас, тие се единствените што можат да се нафатат да се справат со кој и да е од другата страна што ќе победи на изборите“, рече Ахмети.

Ахмети го посочи зачленувањето на државата во НАТО и ЕУ како заеднички интерес на сите, Албанците, Македонците, Ромите, Турците, а за уредувањето на односите во регионот истакна дека е потребен искусен дипломатски кадар, каков што, рече, има ДУИ.

„Победата на изборите ќе ја обезбедиме со нашата програма од 2014-та година зашто во неа се вметнати проекти за подобрување на животот на сите граѓани: изградба на автопатиштата, нови образовни установи, отворање фабрики за нови вработувања. Приоритет и предност ќе имаат домашните компании и стопанственици“, истакна лидерот на ДУИ.

Ахмети, заедно со претставниците на ДУИ ги потсетија присутните на собирот и за значењето на албаскиот глас за да не се расцепкува.

Шефот на Централниот изборен штаб, Беким Незири во своето обраќање истакна дека петтата изборна единица има посебно значење за централниот изборен штаб како и за политиките на ДУИ.

„Сведоци сте дека во 2014-та постигнавме задоволителен успех, но заедно како што сте сега со сите други градови што припаѓаат во оваа изборна единица, ве повикувам да го надминеме резултатот од 2014-та да постигнеме нов подобар резултат, за да им испратиме порака на оние кои што не му посакуваат добро на ДУИ, бидејќи не постои подобра политичка сила од ДУИ што ќе ги застапува подобро Албанците, Турците и Египќаните во Република Македонија. Зашто ДУИ е една добро организирана политичка сила чија структура содржи 33 штабови и 273 локални штабови“, нагласи Незири.

Претседателот на партијата, Ахмети повика на обединување на Албанците, Бошњаците, Турците и Египќаните во оние средини каде не се во голем број за да се изборат на тој начин, како што рече, за остварување на своите интереси на локално и централно ниво

Претходно ДУИ имаше средби со граѓани во Долнени, Крушево и Пласница.

 

Фиљана Кока