„ВМРО за Македонија“ во Прилеп: На граѓаните им треба трета опција

28.11.2016 15:23

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ на синоќешниот предизборен собир во Прилеп ги претстави своите кандидати и заложбите за граѓаните. Според Коалицијата, на граѓаните и на Македонија им треба трета опција.

Имаме искуство и екипа за да ја водиме државата. Потребна е трета опција за демократија. Тоа е колицијата „ВМРО за Македонија“, рече во Прилеп претседателот на ВМРО-народна и носител во четворката, Љубчо Георгиевски. Тој од граѓаните побара доверба за бројот девет и за 20 до 25 пратеници за да се обезбедат демократија и силна држава.

На собирот говореа и претседателите на „Достоинство“ Стојанчо Ангелов и на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски.

 

Елизабета Митреска