Груевски: Народот прави разлика меѓу лажни ветувања и реални проекти

28.11.2016 15:54

Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вечерва ќе има митинг во Велес. Вчера го одржа централниот собир во Скопје...

ВМРО– ДПМНЕ и Коалицијата за промени на централниот митинг во Скопје ја претставија политичката програма, и се обратија носителите на листи во сите изборни единици. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ја претстави програмата, при што истакна дека младите директно ќе ги вклучат во решавањето и изнаоѓањето решенија за иднината на државата, бидејќи како што рече, тие се нашата иднина.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата најавуаат особено остварување во здравството, градежништвото, катастарот, приоритет во високото образование, како и реализирање на многу проекти во државата, сѐ со цел за подобра Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за промени најавија дека пензиите ќе се зголемуваат преку различни мерки при што ќе имаат сигурност и извесност. Нудат неповторлива можност за инвестиции со најмали мжожни трошоци и голема финансиска поддршка од државата. Во делот на вработувањето ќе има 70.000 нови работни места, и зголемување на платите во јавниот сектор за 10,25%. Ќе овозможат рестартирање на стопанските објекти и ќе вложат во проектот „Од град во село за нов почеток“. Најавија дека ќе го продолжат проектот „Купи куќа за млади“ до 35 години. Беше истакнато дека многу ќе се вложи во инвестирање на младите, кои директно ќе учествуваат во одлуките на идната Влада и ќе се обезбедат за нив нови работни места.

Пред граѓаните се обратија и носителите на листи во двете изборни единици што го опфаќаат Скопје.

ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата за промени најавуваат уште повеќе странски инвестиции, јака бизнис клима, намалување на невработеноста, зголемување на минималната плата, зголемување на платите во јавниот сектор, осовременување на патиштата и на железничкиот сообраќај, современа медицинска опрема, субвенции за земјоделците, изградба на нови училишта, рурален развој, изградба на природен гас во скопскиот регион.

Гостин на митингот беше Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, кој истакна дека Македонија е на добар пат кон Европската унија. Рече дека е особено задоволен што Австрија ја добила подршката од Македонија во 2015-та и 2016-та година. Бегалската криза беше голем предизвик, и како што додаде, без Владата на Република Македонија, нема да можеле да ја затворат Балканската рута.

 

Елизабета Кузмановска