ДИК: Право на глас имаат 1.784.416 граѓани

29.11.2016 10:38

На посебниот избирачки список се запишани 230.122 лица за кои се смета дека се на привремена работа во странство. На вчерашната седница одреден е и изгледот на избирачкото ливче.

1.784.416 граѓани се запишани во единсвтениот избирачки список за претстојните собраниски избори- соопшти ДИК. Од нив, во дипломатско- конзуларните претставништва ќе гласаат 20.573 гласачи.

На посебниот избирачки список се запишани 230.122 лица за кои се смета дека се на привремена работа во странство. На вчерашната седница одреден е и изгледот на избирачкото ливче.

На изборите на 11-ти декември ќе гласаат и 13 внатрешно раселени лица, 2.015 лица кои се во притвор или во затвор. Во просториите на ДИК, пред изборите, ќе гласаат и 320 лица кои се членови на Избирачките одбори во дијаспората.