Германија: 8 милиони граѓани примаат социјална помош
29.11.2016 11:15
Властите се загрижени поради зголемениот број пензионери и вработени кои земаат финансиска помош од државата.

Околу осум милиони граѓани во Германија примаат социјална помош. Бројот е зголемен поради мигантскиот бран. Лани право на азил добиле речиси милион луѓе.
Властите се загрижени поради зголемениот број пензионери и вработени кои земаат финансиска помош од државата.
Во Берлин и вo Бремен е наjкритично зашто таму речиси 20 насто од граѓаните добиваат социјална поддршка.
