СОНК: Ги одбранивме правата на работниците
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков на денешната прес- конференција рече дека тоа не е победа на раководството на СОНК, туку признание за покажаното единство на членството и за подготвеноста сите заедно да ги одбранат правата на членството.

Откако министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска- Ременски, испрати допис во кој појасни дека нема промена на работно време во градинките, од СОНК велат дека успеале да ги одбранат правата на работниците.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков на денешната прес- конференција рече дека тоа не е победа на раководството на СОНК, туку признание за покажаното единство на членството и за подготвеноста сите заедно да ги одбранат правата на членството.
Посочи дека СОНК преземал активности со кои брзо и ефективно се справиле со проблемот со, како што рече, минатонеделното известување од Министерството за труд и социјална политика упатено до директорите со барање за воведување фиксно работно време во детските установи, што е спротивно на законот за детска заштита и колективниот договор за детска заштита.
На обвинувањата од министерката Ременски дека СОНК, наместо да ги штити интересите на членовите, одработува за некои партии во власта и членството го насочува на протести, немири и штрајкови, Неделковски рече дека СОНК апсолутно не одработува за никого и се стреми за тоа што е создаден, од начелото на одбрана и унапредување на правата на работниците.
