ДУИ: Консензус за економските прашања
Демократската унија за интеграција вечерва е во Битола и во Преспа. Претходно, интегративците одржаа панел– дискусија за економија.

На овие избори едно од петте ветувања на ДУИ и истовремено еден од условите за формирање на идната Влада е решавањето со консензус за економски прашања, рече Ејуп Алими, носителот на листа на оваа партија во изборната единица 2. Начинот како ние ќе го оствариме целосното почитување на волјата и интересите на Албанците сега веќе не само политички, туку и економски е преку наметнување на консензуалното донесување на Буџетот, додаде Алими. Во идната влада Демократската унија за интеграција има решено да биде на чело на Комисијата за економски прашања, преку која на директен начин ќе ги контролира сите економски одлуки на Владата и ќе го води Советот за рамномерен развој, гарантирајќи го понатаму балансот за економска рамноправност, согласни се функционерите на Демократската унија за интеграција. Еден друг механизам на консензуално решавање ќе биде приоритет на Од Демократската унија за интеграција велат деја се за постигнување на целосна фискална децентрализација. Ова, според говорниците, е поради тоа што општините често знаат подобро од Владата каде треба локално да се инвестира за доброто на своите граѓани и за ова, треба да им се даде автономија. На средба со студентите во скопскста чаршија, говорниците рекоа дека ќе ја условат идната влада да има консензуално решавање и за Буџетот на Агенцијата за државни патишта. Оценуваат дека инфраструктурата е елемент што влијае директно врз начинот на развој на албанските зони.
„Сведоци сме дека некогаш студентите требаше да ги бараме по Приштина или низ Тирана, или можевме да ги сретнеме кога ќе се вратеа дома за празници или за време на одморите меѓу семестрите. Сега нашето задоволство се состои во тоа што можеме да ги сретенме насекаде и во секое време во нашето Скопје. Задоволство мое и на моите колеги е што студентите ги среќаваме на секоја улица во секое кафуле, во секоја библиотека, што ја означува иднината на секое албанско семејство како и за и за опшетството. Ние инвестиравме во капацитети за да може младината да има иднина овде. Ќе разговараме за сите столбови на платформата и за консензуалното донесување на одлуките, економската еднаквост на албанското општество. Бидејќи е направена голема неправда децении наназад во минатите мандати изградивме капацитети така што со наши сили да постигнеме економска еднаквост и донесување на одлуките со консензус. До сега раководевме со владината комисија за политика, а во идинана ќе раководиме со комисијата за економија за да постигнеме економска еднаквост на сите“, изјави Ејуп Алими, носител на листа на ДУИ во ИЕ 2.
Освен отворените политички прашања на рамноправност за кои е запознаена јавноста, сепак, посебен акцент ќе биде ставен на економската рамноправност, додаде носителот на листа на ДУИ во втората изборна единица, пред присутните членови и симпатизери.
И според Дритон Кучи, основните столбови со кои Демократската унија за интеграција влегува во изборите се економската еднаквост и економскиот прогрес со точен акционен план предвиден во самата платформа.
„Денеска сме тука за да збориме за прашањата и условите кои ќе ги воспостави ДУИ во идниот мандат, а тоа ќе биде ништо друго освен економска еднаквост и консензуално одлучување. Еднаквиот економски развој на целата територија- за оваа цел предлагаме формирање на Совет за рамноправен регионален развој со одлука на владата, а кој ќе биде раководен од ДУИ. Услов за формирање на идната влада ќе биде Агенцијата за државни патишта како гаранција за распределба на капиталните инвестиции. Создавање механизам за усвојување на буџетот со консензус во владина постапка за потполна консензуалност на економските прашања“, изјави Дритон Кучи, ДУИ.
Освен на децентрализација и регионален развој, Демократската унија за интеграција според платформата ќе работи и на странски и на домашни инвестиции, информатичка технологија, транспорт и урбанистичко планирање, енергија, животната средина, земјоделството, туризам. Според Демократската унија за интеграција во програмата е содржана агенда која треба да се спроведе во мандатот од 2016 до 2020 година. Покрај економијата, во платформата се опфатени и политичкиот систем и меѓуетничките односи, надворешната политика и евроатлантските интеграции, правда и владеење на правото, редот, сигурноста и безбедноста, државната и јавната администрација бидејќи тие се дел од сегментите кои за Демократсаката унија за интеграција се битни за подобро општество. Но, според нив од помало значење не се образованието, здравството, социјаната политика, културата, дијаспората, младите и спортот, медиумите и граѓанското општетсво.
Наташа Јанчиќ
