Сертифцирана семенска пченица за повисоки приноси
Земјоделците ја привршуваат есенската сеидба, но не сите користат сертифициран семенски материјал за повисоки пориноси. Домашно производство на семенска пченица има но не се кориси доволно.

Добрите временските услови дозволија тракторите навреме да влезат во нивите. Досега сеидба заврши на скоро 80 проценти од планираните површини, а во некои општини работите одамна се готови.
На некои површини, според експертите, проблем е со какво семе се сее, бидејќи најчесто се употребува меркантилна или пченица за исхрана.
Причината, се правдаат фармерите, е ниската откупна цена на родот наспроти скапиот семенски материјал.
Домашно производство на сертифицирано семе за житни култури е многу мало, околу 5 до 6.000 тони, а потребите за 100.000 хектари колку што се сеат во Македонија се скоро 20.000 тони кои треба да се увезат.
Таму каде што сеидбата продолжува и во овие постудени денови за нејзино успешно завршување агрономите препорачуваат употреба на поголеми количества на семе поради опасноста да не поникне секое зрно.
Методија Трајков
